мај 9, 2026

Основното јавно обвинителство поднесе барање за 30-дневен притвор за лицето кое без возачка дозвола управувал возило и прегазил две лица на тротоар во Охрид.

Несреќата се случила синоќа околу 22:30 часот наспроти охридската гимназија, кога возило „Голф 7“, управувано од лицето без дозвола, излетало од коловозот и удрило во девојка и нејзиниот пријател.

Девојката со тешки повреди била пренесена во болница, каде, и покрај обидите за реанимација, им подлегнала на повредите околу 23:30 часот. Нејзиниот пријател е хоспитализиран и се наоѓа надвор од животна опасност.

Возилото е во сопственост на совозачот, а истрагата е во тек. Обвинителството бара притвор поради опасност од бегство и влијание врз сведоци.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK