мај 9, 2026

Марк Маркез продолжи да доминира во кралската класа оваа сезона. Шпанецот победи на трката во Муџело, пред помладиот брат Алекс (Гресини) и Фабио Диџанантонио (ВР46). Марк, еден од најдобрите возачи во историјата, втор пат во кариерата победи во Муџело, денес ја забележа 93-та победа во кариерата.

Трката на култната патека беше интересна само во првите осум круга, кога Марк, Алекс и Пеко Бањаја се менуваа на челната позиција. Во моментот кога Марк успеа да го мине Алекс и ја презеде челната позиција, повеќе немаше дилеми околу кончениот победник.

Во наредните неколку круга Бањаја се обиде да го нападне Алекс, не му успеа во ниту еден момент. Како што трката се ближеше кон крајот, паѓаше темпото на Бањаја, а тоа го искористи Диџанантонио во препоследниот круг и го презеде третото место.

Лошиот пласман во Муџело, веројатно го исфрли Бањаја од сите комбинации за шампионската титула. Лидер во поредкот е Марк Маркез, има 46 поени повеќе од Алекс Маркез и 97 од Бањаја.

Наредната трка се вози во Асен, Холандија.

Share

The post Марк Маркез победи и во Муџело, Бањаја возеше уште една трка appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK