Преземено од Центар.мк
Од 9.590 денари кои биле минимална плата во Македонија до средината на 2016-та година, минималецот во 2023 ќе порасне на 20.000 денари.
Ова дополнително ќе ги подигне и платите на сите останати работници и ќе повлече покачување на просечната плата.
– Во март секоја година, согласно оваа методологија, ќе се усогласува минималната плата. Очекуваме минималната плата да биде околу 20.200 денари. Тоа е околу 12-13 отсто или за околу 2.000 денари повисока плата од 2022 година. А ако земаме наназад, кога минималната плата беше 9.000 денари, и тоа не во сите сектори, некои сектори исплаќаа и по 8.000 денари, сега во март ќе имаме плата над 20.000 денари, што е и повеќе од двојно. За 12.000 денари повисока минимална плата, изјави министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска за 24.
Минималецот низ годините растел споро, со години бил околу 8000 денари, за во 2015 да стигне 9.590 денари, а кон третото тромесечие на 2016-та да стигне нешто над 10.000 денари.
Погледнете како платата растела низ годините во табелата подолу.
Година/период
Нето износ на минимална плата
Бруто износ на минимална плата
Начин на утврдување со Закон или со објава во Службен весник во кој се објавени висините
Оддели со различно ниво од висината утврдена на ниво на Републиката (нето-бруто)*
2012
8.050
12.265
Закон (Сл.Весник на РМ, бр. 11/12)
6.263-10.393
2013
8.050
12.268
Објава (Сл.весник на РМ, бр. 40/13)
6.859-10.990
2014
8.800
13.140
Закон (Сл.весник на РМ, бр. 30/14)
7.500-11.696**
2015
9.590
14.114
Закон (Сл.весник на РМ, бр. 30/14)
8.050-12.403
2016-VIII 2017
10.080
14.739
Закон (Сл.весник на РМ, бр. 30/14)
9.000-13.540
IX 2017-VI 2018
12.000
17.130
Закон (Сл.весник на РМ, бр. 132/17)
Изедначена висина
VII 2018-III 2019
12.165
17.370
Објава (Сл.весник на РМ, бр. 126/18)
Изедначена висина
IV 2019-XI 2019
12.507
17.943
Објава (Сл.весник на РСМ,бр. 59/19)
Изедначена висина
XII 2019
14.500
20.997
Закон (Сл.весник на РСМ, бр.239/19)
Изедначена висина
I 2020-III 2020
14.500
21.107
Закон (Сл.весник на РСМ, бр.239/19)
Изедначена висина
VII 2020-III 2021
14.934
21.776
Објава (Сл.весник на РСМ,бр. 75/20)
Изедначена висина
IV 2021-III 2022
15.194
22.146
Објава (Сл.весник на РСМ, бр.80/21)
2022
18.000 денари
/
Во март со покачувањето на минималната плата, сите вработени во државната администрација, кои земаат плата согласно Законот за административни службеници, ќе земат плата поголема за онолку проценти колку што е разликата односно процентот на пораст на трошоци за живот и порастот на просечната плата
Нацрт-законот за системот на плати во јавен сектор, кое МИОА го постави на ЕНЕР.
Се работи за драфт верзија за која ќе се консултираат сите засегнати страни, институциите, синдикатите и други.
Ова треба да го униифицира системот на плати во јавен сектор, како на пример, лице кое работи во јавно претпријатие или агенција повеќе да нема плата повисока од судија на врховен суд или претседател на држава.
Со новиот Закон воведува систем кој значи постојан раст на платите во јавниот сектор, како што е воспоставениот систем на минимална плата и пензии.
Замрзнатите плати се веќе минато.
Изминатата година пораснаа платите на илјадници вработени во приватниот сектор, но и во државниот. Неверојатно покачување добија и наставниците од цели 15 проценти.
The post Од 9.590 во 2015/16-та на 20.000 денари во 2023- минималецот за време на владеењето на СДСМ незапирливо расте appeared first on 24 Инфо.
Следете не, не има насекаде