септември 22, 2024

Осумтемина Хрвати осомничени во Замбија за трговија со луѓе односно во исправноста на документите за посвојување на деца од Демократска Република Конго, ќе се бранат од слободата откако ќе платат кауција, ќе ги достават пасошите, редовно да се јавуваат полиција и да го регулираат престојот во земјата, одлучи денеска судот во Ндоли.

Четири брачни двојки еден месец се во притвор во градот Ндоли, Замбија откако на почетокот на декември беа уапсени на аеродром под сомнение дека поседуваат лажни документи за посвојување на деца од ДР Конго. На аеродромот со нив биле и посвоените деца, кои им се одземени од социјалната служба на Замбија.

Осомничените хрватски државјани пред два дена се појавија пред судот во Ндоли при што изјавија дека не се виновни за обид за трговија со луѓе и за фалсификување на документи.

Сè уште не е познато какви документи добиле уапсените Хрвати во ДР Конго и зошто властите на Замбија истите ги сметаат за лажни.

Во ДР Конго со години е во сила забрана за меѓудржавно посвојување, но во пракса, судовите дозволуваат.

Поради долгата постапка во Хрватска, изминатите години голем број Хрвати посвојуваат деца од други држави. Во Хрватска сега има околу 3.000 деца без соодветна родителска грижа, но само приближно 200 ги исполнуваат правните услови за посвојување. Во службениот регистар се наоѓаат повеќе од 1.100 посвоители.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK