Италијанскиот фудбалер Самуеле Ричи (23) е нов играч на Милан, објави клубот.
Ричи потпиша договор со Милан до 30 јуни 2029 година, со опција за продолжување на соработката за уште една сезона. Тој ќе го носи дресот со број четири во својот нов клуб.
Италијанскиот фудбалер игра во средината на теренот, а во последните три години играше за Торино.
Новиот фудбалер на Милан одигра десет натпревари за италијанската репрезентација.
Милан минатата сезона заврши на осмото место во Серија А и не се квалификуваше за европските натпреварувања.
Foto/ EPA-EFE/CLAUDIO GIOVANNINI
The post Капитенот на Торино го засили Милан appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
