мај 9, 2026

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, секојдневно ги исполнува медиумите со неверојатни изјави, а на митинг пред поддржувачите во Ајова, тој се осврна и на спортски теми.

Станува збор за традиционален собир пред 4 јули, датумот на кој беше ратификувана Декларацијата за независност на САД во 1776 година. Паралелно со воената парада во главниот град, Трамп објави какви планови има за следната годишнина, која ќе биде јубилејна 250-та.

„Гледате ли УФЦ? Големиот Дејна Вајт. Ќе организираме УФЦ борба на на почвата пред Белата куќа. Имаме многу простор таму. Дејна ќе го направи тоа“, е амбициозниот план на американскиот претседател.

Трамп, познат по својата љубов кон боксот и MMA и неговите гостувања на ревиите за боречки вештини, продолжи да зборува за шефот на УФЦ и го објасни планот подетално.

„Ќе имаме УФЦ борба за титула, вистинска борба, со 20 или 25 илјади луѓе. Тоа ќе биде дел од прославата на 250-годишнината“, рече Трамп.

Претседателот, исто така, објави дека дел од програмата ќе бидат таканаречените „Патриотски игри“ во кои натпреварувачи од сите 50 „држави“ ќе се натпреваруваат во различни спортски дисциплини.

„Ќе имаме неверојатни настани. Некои ќе бидат професионални, некои ќе бидат аматерски, но борбата на УФЦ ќе биде голем настан“, подвлече Трамп.

Foto/ EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Share

The post Трамп ќе организира УФЦ борба во Белата куќа appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK