Температурата на океаните во светот во 2022, четврта година по ред е на рекордно високо ниво, што е загрижувачки знак за климатската криза предизвикана од емисијата на гасови кои придонесуваат за затоплување на атмосферата, се наведува во студијата објавена во „Адвенсис ин атмосферик сајнс“ (Advances in Atmospheric Sciences).
Во студијата изработена од 16 институти ширум светот се посочува дека океаните од изминатите шест години, пет години биле рекордно топли и оти океаните се загреваат брзо.
За истражувањето испитувани се температурите на океаните од нивната површина до длабочина од 2.000 метри и податоците се споредени со информациите од 50-тите години од минатиот век.
Според студијата од 1970 година, повеќе од 90 отсто од вишокот на топлина на планетата оди во океаните.
Научниците тврдат дека глобалниот тренд на долгорочно затоплување сега е толку стабилен и силен што температурите секоја година достигнуваат рекордно високо ниво
Следете не, не има насекаде