септември 22, 2024

Природни решенија за главоболка

Кога ги боли глава, повеќето луѓе посегнуваат по апчиња, но можеби следниот пат можете да пробате со компир, банана, ананас и краставица, кои благодарение на својот состав можат природно да ја намалат болката.

Компир

Докажано е дека храната богата со калиум помага во ублажување на главоболката, а печен компир со кора има дури 600 милиграми калиум.

Банана

Динамично дуо на калиум и магнезиум се наоѓа во ова вкусно овошје што повеќето луѓе сакаат да го јадат.

Ако главата ви пулсира, магнезиумот има смирувачки ефект што може да помогне.

Ананас

И ананасот може да ја ублажи главоболката. Свежиот ананас содржи ензим бромелаин, кој е еден вид природен аналгетик. Има и антиинфламаторни својства, кои исто така помагаат во намалување на главоболката.

Краставица

Како и лубеницата, така и краставицата може да помогне при слаба хидратација, пишува „Popsugar“. Бидејќи е 95 проценти вода, краставицата е совршена опција за свежа ужина.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK