мај 8, 2026

Вчера попладне во тесните улички на Горно Маало во Штип избувнал пожар во стара семејна куќа. Оганот тргнал од шпоретот, а 63 годишната сопственичка сама се обидела да го изгасне, при што се здобила со сериозни изгореници на двете раце.

Во моментот на инцидентот целата населба била без вода од градскиот водовод. Соседите трчале со канти и шишиња, но пламените јазици брзо се прошириле кон таванот. „Џабе имаш црево во дворот ако во мрежата нема капка“, вели еден од соседите.

Противпожарната единица пристигнала за неколку минути, но поради тесните сокаци не успеала да се доближи до објектот. Пожарникарите заедно со жителите ја извлекле жената, а точно во тој миг почнал краткотраен дожд кој, според очевидци, спречил огнот да го зафати и покривот.

Повредената е пренесена на хирургија во Клиничката болница – Штип, каде што лекарите велат дека изгорениците се средно тешки, но стабилни. Нејзиниот син бара итна интервенција од локалната власт.

Извор: Инфомакс

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK