септември 21, 2024

Деновиве почна бербата и откупот на лутите пиперки во Струмичко, кои годинава стасаа порано за повеќе од еден месец во споредба со лани. Според производителите, раната берба на оваа пиперка се должи на комбинацијата на релативно топлото време за овој период од годината и топлата вода од термалните извори во близина на селото Банско, каде најмногу е засадена под пластеници и фолии во регионот.

-Засега откупната цена е околу десет денари за парче, но годинава почнавме со берба многу порано, иако некои производители се уште се во фаза на расадување и ја очекуваат првата берба. Се надевам дека оваа откупна цена на лутата пиперка ќе остане и понатаму во екот на бербата, вели Даме Тренчовски, производител на лути пиперки од селото Банско.

Покрај лутата пиперка, во Струмичко во тек е расадувањето на пролетната зелка, која за берба обично стасува кон крајот на март и почетокот на април.

The post Почна бербата на лутите пиперки во Струмичко appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK