декември 27, 2024

Амоњак истече од товарен вагон на пруга во близина на градот Панчево, источно од Белград.

Како што јави Српската радио и телевизија, едно лице е префрлено во болницата во Панчево на кислодорна терапија.

Инцидентот се случил синоќа околу 22:30 часот во населбата Топола Рит, на товарен железнички колосек. На лице место се испратени екипи на протипожарната служба и на полицијата, а жителите на десетина околни куќи се евакуирани.

Железничкиот колосек на кој се случи истекувањето амонијак од цистерната води до „Азотарата“ во Панчево.

На крајот на декември четири вагони со амонијак излегоа од колосекот на пругата Пирот – Димитровград, пренесе Бета. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK