мај 7, 2026

Во македонскиот музички етер викендов беше промовирана првата песна на mayya, новото име на домашната музичка сцена.

22-годишната mayya е студент по соло пеење. Нејзин главен фокус е оперското пеење, но изминативе три години повремено настапува и во локали низ Скопје.

Својот пробив на естрадната сцена го започна со песна испеана на македонски јазик, а со англиски наслов, Simple Rule.

Песната е работена под продуцентската палка на Paragon Record Label, а музиката и текстот се на mayya и нејзините соработници од продукцијата.

„Идејата е да донесеме нешто ново на македонската сцена, нешто што не е препознатливо за публиката. Песната е направена во летен ритам и диско вајб, што е многу различно од уникатноста на жанрот во кој пеам со години, а тоа е оперското пеење.

Ова е моја прва авторска песна и денот кога беше промовирана е најрадосниот ден од мојот живот – конечно сонот стана реалност.

А од песната не задоволна – туку презадоволна сум“, вели таа.

Share

The post (Видео) mayya – ново име на македонската музичка сцена appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK