мај 7, 2026

Вербална расправија која прераснала во тепачка се случила ноќеска во авион на „Рајанер“ кој летал на релација Загреб – Малме. На општо изненадување на патниците, насекаде во авионот имало крв.

Шведски Афтонбладет објави дека инцидентот се случил пред слетување во Малме. Патничка во авионот сведочела за жестока тепачка меѓу двајца мажи кои се нафрлиле еден на друг, но и на други патници.

„Имаше многу деца и жени кои плачеа. Луѓето сакаа да се сокријат во опашката на авионот. Насекаде имаше крв. Патникот пред мене, целиот беше крвав. За малку ќе паднеа врз мене и мојата мајка. Беше многу непријатно, сè сум под стрес“, изјави патничка која сведочела за инцидентот.

Веднаш по слетување, интервенирала шведската полиција. Дел од шведските медиуми објавија дека двајцата мажи се шведски државјани и оти против еденод нив е поднесена пријава.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK