мај 7, 2026

Несреќа за време на младинските европски олимписки игри. Двајца малолетни велосипедисти од Исланд биле повредени вчера откако во нив удрило возило на патот Куманово – Свети Николе.

– На 23.07.2025 во 12.09 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, атар на село Зубовце, кумановско, патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(42) од Куманово, удрило во двајца малолетни велосипедисти од Исланд, кои се учесници на младинските европски олимписки игри кои се одржуваат во нашата земја и кое се подготвувале за денешната велосипедска трка, информираат од полицијата.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата велосипедисти, констатирани во Општа болница Куманово.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK