мај 7, 2026

Поп дивата Кристина Агилера блесна на премиерата на мјузиклот „Бурлеска“ во Лондон.

Имено, пејачката за пригодата го избра оригиналниот фустан со корсет на Версаче што првпат го носеше во 2003 година кога снимаше модна кампања за брендот.

Креацијата во боја на сенф е украсена со вкрстен вез, како и со асиметричен раб. Исто како и пред 22 години, фустанот е вистинска сензација и денес, а тоа ни кажува за безвременските карактеристики на овој фустан.

Покрај тоа, Агилера внесе нов живот во креацијата со својот изглед, но и со специфични модни додатоци.

Таа ја стилизираше со црни кожни чизми, но и со впечатлив црн кармин, давајќи му на целиот изглед доза на драма.

Фотографии и видеа се шират на социјалните мрежи, а луѓето пишуваат дека „Крисина не старее“.

Фото: принтскрин

Share

The post (Видео) Поп дивата носи култен фустан од Версаче, сите пишуваат: Фустанот не старее, а ниту таа appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK