мај 7, 2026

Основното јавно обвинителство Тетово поведе истрага против 48-годишен маж, осомничен за посредување при вршење проституција, кривично дело казниво по член 191 став 2 од Кривичниот законик.

Според обвинителството, осомничениот во изминатите два месеца повеќепати обезбедувал клиенти за 23-годишна државјанка на Косово, која била сместена во неговиот мотел. Девојката наплаќала за сексуалните услуги, а најголемиот дел од заработката му го давала на осомничениот.

По предлог на јавниот обвинител, судот му определи мерка притвор на 48-годишниот маж, а младата жена е сместена во транзитен центар за странци, каде ќе остане до завршување на постапката.

За овој случај МВР извести дека успеале да спречат самоубиство, кое девојката сакала да го изврши. Така и откри случајот, кој беше осуден и од јавноста.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK