мај 7, 2026

Еден од најдобрите играчи на Нотингем Форест минатата сезона, Морган Гибс-Вајт, нема да оди во Тотенхем, откако реши да го продолжи договорот со „шумарите“.

Тотенхем ја активираше клаузулата, практично се договори за сè со играчот. Дури беа закажани и лекарски прегледи, но… Гибс-Вајт не се појави таму, туку реши да го продолжи договорот со Форестерс до 2028 година.

Нотингем се пожали дека Спарс му пристапиле на играчот на нелегален начин и гласно протестираа против овој трансфер. Но, малкумина очекуваа таков исход.

На крајот, Нотингем не загуби уште еден важен играч, бидејќи Ентони Еланга замина во Њукасл.

Share

The post Гибс-Вајт го извиси Тотенхем, потпиша нов договор со „шумарите“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK