септември 16, 2024

 Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ емотивно го доживеа топлото добредојде од публиката на Род Лејвер арената во Мелбурн, каде пред стартот на Авслија опен одигра денеска егзибициски натпревар во хуманитарни цели со домашниот тенисер Ник Кирјос. 

Novak Djokovic , Rod Laver Arena , Melbourne , Australia
It’s been some timepic.twitter.com/uupOk7QAcR

— MOHAMED (@M_asr_10) January 13, 2023

Сите 15.000 влезници за дуелот меѓу Ѓоковиќ и Кирјос беа продадени за 58 минути. 

Ѓоковиќ, кој пред една година беше депортиран од Австралија, бидејќи не е вакциниран против коронавирусот, со овации беше пречекан од австралиската публика. 

„Ви благодарам многу, сега сум малку емотивен, да бидам искрен. Навистина се радував на враќањето на овој терен. Ви благодарам на сите што дојдовте“, изјави Ѓоковиќ. 

Иако резултатот беше во втор план, двајцата тенисери освоија по еден сет, кој се играше во четири освоени гемови, а победникот беше одлучен во тај – брејк во кој на Ѓоковиќ и Кирјос им се приклучија и играчи во инвалидски колички. Тимот на Кирјос на крајот славеше победа со 10-9. 

Првиот годинешен грен – слем турнир почнува в понеделник, а Ѓоковиќ, кој има девет титули на Австралија опен, во првото коло ќе игра против Роберто Кабраљес Баена. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK