мај 7, 2026

На регионалниот пат Струмица – Берово, во правец од селото Дабиле кон селото Петралинци вчеравечер во 21:50 часот се случи сообраќајна несреќа меѓу две патнички возила со струмички регистарски таблички, од кои едното е марка „форд“, а другото „цитроен“, информираат од Секторот за внатрешни работи (СВР) Струмица, чии екипи извршија увид на местото на настанот.

Возилото „форд“ е управувано од З. А. (32) од селото Хамзали, Струмичко, а автомобилот „цитроен“ од Б. С. (49) од селото Свидовица, Струмичко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот З. А. и сопатниците од автомобилот „цитроен“, Ш. А. (75) и Д. А. (72), од селото Петралинци.

Со телесни повреди се здобиле и возачот Б. С. и петгодишно дете, сопатник во автомобилот марка „форд“.

Повредите на учесниците во сообраќајката се констатирани од лекари во Медицинскиот центар во Струмица

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK