мај 7, 2026

Габонскиот напаѓач Пјер-Емерик Обамејанг се врати во Олимпик Марсеј, објави францускиот клуб.

Обамејанг (36) потпиша двегодишен договор со клубот од јужниот дел на Франција.

Тој се враќа во Марсеј по една година помината во Ал Кадисија од Саудиска Арабија, за овој клуб минатата сезона одигра 36 натпревари, постигна 21 гол.

Габонскиот фудбалер одигра 77 натпревари за националниот тим и постигна 31 гол.

Обамејанг во текот на својата кариера играше и за Дижон, Лил, Монако, Сент Етјен, Борусија Дортмунд, Арсенал, Барселона и Челзи.

Марсеј ќе биде домаќин на Рен во првото коло од француското првенство на 15 август.

Share

The post Обамејанг се врати во Марсеј appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK