мај 6, 2026

Бразилскиот фудбалер Игор Паишао (25) стана највредното засилување во историјата на Олимпик Марсеј.

Клубот од југот на Франција му плати на Феенорд 35 милиони (30+ бонуси) за поранешниот играч на Коритиба.

Паишао пристигнува во Марсеј по три одлични сезони во дресот на клубот од Ротердам, со кој освои и една титула во холандското првенство.

Зад себе има брилијантна сезона и неколку одлични натпревари во Лигата на шампионите, кога го привлече вниманието на голем број клубови. Вкупно, минатата сезона постигна 18 голови и имаше 14 асистенции во 47 натпревари во сите натпреварувања.

Лидс исто така беше заинтересиран за него, но на крајот Паишао се одлучи за познатиот француски клуб од „Велодром“.

Share

The post Марсеј го сруши клупскиот рекорд – Паишао пристигна на „Велодром“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK