мај 6, 2026

Министерството за внатрешни работи избрало најповолна понуда за набавката на 120 возила за потребите на полицијата, објави порталот 360 степени..

Известувањето е објавено на интернет-страницата на Бирото за јавни набавки, но тоа треба да се официјализира со потпишување на договор.

Изборот е направен по електронската аукција која се одржала вчера, а на која се натпреварувале три компании.

За најдобра е избрана понудата на „Еуроимпекс“, која настапила со моделот „Пежо 408“, по цена од околу 27.250 евра за возило. Компанијата „Јосифов“ настапила со моделот „Шкода октавија“ по цена од околу 31 500 по возило, а „Екселиор холдинг груп“ со ,,Мазда 3″ по цена од околу 33 200 евра

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK