мај 6, 2026

Вчера во Куќата на Робевци во Охрид беше отворена самостојната мултимедијална изложба „Нурни во мене“ на охридскиот ликовен уметник Сашо Блажес.

Изложбата ги содржи неговите слики, а надвор во Лапидариумот е прикажан 28-минутен видео материјал со инсерти од длабочините на Охридското езеро, кој е инспириран од истоимената изложба.

Отворањето беше збогатено со музички настапи на кларинетистот Петар Танески и хармоникашот Наум Џуклески. Куратор на изложбата е Маја Чанкуловска од Националната галерија.

Изложбата ќе биде отворена секој ден од 09:00 до 22:00 часот, освен понеделник, и ќе трае до 28 август.

Share

The post Сашо Блажес ја претстави изложбата „Нурни во мене“ со видео и музика во Охрид appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK