мај 6, 2026

Лишени од слобода две лица од Дебар поради пукање на семејни веселби

На 04.08.2025 во 00:15 часот во Дебар полициски службеници од Полициската станица Дебар го лишиле од слобода Ф.П.(28) од Дебар, постапувајќи по претходна пријава дека со пиштол пукал на семејна веселба. Пиштолот бил одземен и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Исто така, на 03.08.2025 во 22:45 часот во ОВР Дебар е приведен Б.Ч.(31) од Дебар кој претходно, на семејна веселба во Дебар пукал од сигнален пиштол што го поседувал без соодветна потврда.

Пиштолот е одземен и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK