На 05.08.2025 во 01:38 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 00.50 часот во Јавната здравствена установа „Психијатриска болница Скопје “ во Бардовци, во соба на судскиот оддел, настанала физичка пресметка помеѓу осудениците Д.С.(35) од Неготино и И.Т.(62) од с.Љубанци, скопско. Притоа, од ударите со стаклено шише И.T. паднал во бесознание, по што бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што во 02.20 часот починал. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Д.С. е задржан во собата каде се случил настанот. Имено, Д.С. е осудено лице за сторено кривично дело „убиство“, додека И.Т. бил осуден за кривично дело „семејно насилство“. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, стои во соопштението на МВР.
Д.С. е Димитар Спасов – момчето кое пред 13 години си ја уби мајка си во Неготино.
Пред 13 години, односно во 2012 година, Д.С. (поточно Димитар Спасов) направи злодело кое тогаш ја згрози Македонија. Тогаш дваесет и три годишниот Спасов, ноќта помеѓу 16 и 17 јули ја уби својата мајка, четириесет и седумгодишна годишната Нада.
Се кајам за она што го сторив, нема да го повторам делото кое е најголема грешка во мојот живот, вака пред велешкиот суд тогаш сведочеше Спасов, кој со медицинско возило беше донесен на обвинителна клупа, но повторно беше вратен на лекување. Според вештачењето на психијатрите тој делото го сторил во момент на психичко рстројство, а моментално тогаш боледувал од параноидна халуциона шизофренија.
Според обвинението Спасов мајка му ја нападнал дома кога десетина пати ја избодел со нож и телото облиено во крв го фрлил во контејнер позади зградата. Сведоци на грозоморната глетка биле вработени во „Комунална хигиена“ кои сведочеа за се она што го виделе кобната ноќ.
Следете не, не има насекаде
