мај 6, 2026

Илјадници граѓани, од Скопје, неговото родно Радовиш и Раклиш, од Македонија и од други континети, со тага и болка се простија од младиот визионер, спортист и бизнисмени – Душко Чифлиганец, Душко ќе почива во дворот на храмот „Св. Јован Крстител“ во Скопје, чии ктитор е семејството Чифлиганец.

Посмртните останки на младиот бизнисмен, кој трагично го загуби животот во несреќа со мотоцикл во Чешка, беа изложени вчера во црквата „Свети Јован Крстител“ во скопската населба Аеродром, во близина на мостарските „Близнаци“.

Црквата е ктиторство на неговиот татко, познатиот македонски стопанственик и универзитетски професор Ванчо Чифлиганец.

Погребната церемонија започна во 14 часот, а опелото го водеа свештеници на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, предводени од архиепископот г.г. Стефан.

Семејството Чифлиганец упати јавна благодарност до сите кои во овие тешки денови им изразиле сочувство и поддршка.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK