мај 6, 2026

Ветувањата се за да се исполнат❗

А, за да ги исполниме треба да работиме со полна пареа❗

Токму така, со полна пареа, се работи и се асфалтира на главната траса и пристапните патишта на дел од автопатот во изградба Кичево-Охрид,каде попладнево направив увид и координација на активностите.

Очекувам дека со оваа динамика за краток период ќе пуштиме во употреба уште една делница❗

Покрај асфалтирањето се поставува и еластична ограда, се бетонираат плочасти и цевасти пропусти,се уредуваат клучки и натпатници,се поставува осветлување…СЕ РАБОТИ❗

Ви ветувам дека ќе успееме заедно,со огромната поддршка од Владата и сите вклучени во овој проект.

Можам да кажам дека изведувачите заедно со подизведувачите работат под полна пареа и јавно се заблагодарувам на секој еден кој е максимално посветен и вклучен во реализацијата на овој значаен проект.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK