Во СВР Велес вчера околу 15:10 часот било пријавено дека на автопатот Велес-Градско, во близина на излезот кон експресниот пат Градско-Прилеп, 28 годишниот Г.Ш.С. oд Република Турција, со привремен престој во село Врапчиште, гостиварско, управувајќи мотоцикл „хонда“ со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Г.Ш.С., констатирани во Општа болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.
Следете не, не има насекаде
