декември 30, 2024

– Гринпис повика на забрана за летови со приватни авиони кои емитуваат јаглерод непосредно пред годишниот Светски економски форум во Давос, на кој се собира светската деловна и политичка елита.

Комисијата на ЕУ треба да го отвори патот за таква регулатива во сегашната ревизија на Регулативата за воздушниот сообраќај, соопшти денеска еколошката организација.

Бројот на летови на кратки релации со приватни авиони се очекува повторно нагло да се зголеми во пресрет на Светскиот економски форум во швајцарското планинско одморалиште следната недела, пренесе ДПА.

Според студијата на консултантската фирма CE Delft нарачана од Гринпис, 1.040 приватни авиони слетале или полетале од седумте аеродроми во близина на Давос за време на годишниот состанок минатата година.

Спротивно на тоа, бројот на просечни летови е обично 540.

– Богатите и моќните се собираат во Давос за да разговараат за климата и нееднаквоста. Во тој процес, тие го користат најштетното транспортно средство за животната средина во светот: приватниот авион, истакна Клара Марија Шенк од Гринпис.

Голем дел од регистрираните летови биле исто така многу кратки, а повеќе од половина биле долги помалку од 750 километри.

Светскиот економски форум тврди дека ја унапредува меѓународната климатска политика. Не само што има бројни настани на оваа тема, годишната конференција треба да биде и климатски неутрална.

Затоа форумот препорачува неговите учесници да патуваат со воз и ги советува да избегнуваат летови на кратки релации. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK