декември 30, 2024
Несериозни, карневалски станаа лелекањата на Христијан Мицкоски за предвремени парламентарни избори.

Очигледно дека голем е притисокот врз фотелјата на Мицкоски па затоа мора секојдневно да повторува едно те исто. Мицкоски освен фотелја ништо не го интересира. Ниту пак зборува за нешто друго, најмалку за потребите на граѓаните.

Добро е што Мицкоски признава дека Владата одлично ја менаџира кризата, дека се справува со глобалните предизциви и дека им помага на граѓаните и компаниите со што го заштити стандардот и ја спаси македонската економија.

Предвремени парламентарни избори нема да има и тоа прашање е апсолвирано. Парламентарните избори ќе бидат во редовниот термин, во 2024 година и на тие избори Мицкоски ќе доживее уште еден пораз – велат од СДСМ

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK