– Тренчевска ги поздрави присутните и посака успешна и среќна година. Таа посочи на заложбите за пензионерите изминатата година и рече дека очекува оваа да биде уште поуспешна од минатата. Министерката ја искористи приликата и да се заблагодари на сите пензионери за нивната посветеност и рече дека без нивните заложби нема да бидат толку успешни политиките кои се креираат за највозрасните, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
МТСП информира дека настанот беше поддржан и од пратеничката Даниела Колева, а присуствуваа и претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери Станка Трајкова и директорката на Центарот за социјална работа на Кавадарци, Весна Дамјаноска.