декември 28, 2024

Познатиот моден бренд „Шанел“ дизјнираше шопинг торба во облик на корпа за пазарење. Торбата на „Шанел“ е решение на модната куќа за зачувување на планетата Земја. Изработена е од комбинација на кожа и сребро, а нејзиниот облик е инспириран од кошничка за пазарење и има две метални рачки на горниот дел.

Торбата е лансирана во 2014 година, а оттогаш нејзината цена постојано расте. Шопинг торбата е креирана токму за пазарење и е приспособена на тоа, па изгледа како кошничка од продавница. Меѓутоа, нејзината цена достигна неверојатни 46.588 евра, а првично беше понудена по цена од 8.324 до 11.561 евра, во зависност од големината.

„Со купување на овој артикл се продолжува приказната на „Шанел“ со која, со користење на новите ресурси, се намалува влијанието врз животната средина и со тоа можете да бидете убедени дека правите добра работа за планетата“, стои во описот на торбата.

 


The post „Шанел“ дизјанираше корпа за пазарење која чини 46.000 евра appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK