Силна експлозија се случи на гасоводот што ги поврзува Литванија и Летонија.
Експлозија се случи на гасоводот што ја поврзува Литванија со Летонија во областа Пасвалски во Литванија , а според првичните информации нема повредени, јави порталот ЛРТ, повикувајќи се на полицијата.
„ Во 16:57 часот, окружната полиција Паневезис пријавила експлозија на гасоводот на улицата Јонискеле во селото Виенкиемиу. Според прелиминарните податоци, нема жртви “, се вели во соопштението. Се прецизира дека отворениот пламен достигнува 50 метри во висина.
Гинтаутас Гегузинскас, градоначалник на регионот Пасвали, потврди за радио ЛРТ дека се случила експлозија на гасовод под висок притисок во близина на автопатот Пасвалис-Шаулиај.
„Во близина нема станбени згради, но никој не знае од кое растојание ќе биде неопходно да се евакуираат жителите“, рече тој.
Според Гегузинскас, на лице место работат специјалци, а сообраќајот е привремено во прекин.