мај 4, 2026

Граѓани до редакцијата на 24инфо.мк се обратија со писмо во кое како што велат алармираат на катастрофалната состојба во Јавното претпријатие „Лајка“.

Оттаму, посочуваат дека ова претпријатие во континуитет не си ја врши својата работа, а истовремено укажуваат и на вмешаност на здружението Анима Мунди.

„Во пресрет на изборите, Анима Мунди повторно се појавува со драматични изјави и политички набиени барања. Наместо конструктивен придонес и отчетност, гледаме координирана кампања со полувистини и прикриени интереси.
Додека следиме реакции за загноени маркици, свежи отворени и инфицирани рани, штенечакот и заразите беснеат по улиците веќе четири години, а стотици кучиња умираат без соодветна грижа, јавноста се прашува:
Што се случува зад затворените врати на ЈП Лајка? Кој одговара за ваквата состојба?
• Кој врши ветеринарни интервенции и дали тие се вршат исклучиво од лиценцирани доктори?
• Колку ветеринари реално работат и дали се доволни за град со илјадници бездомни животни?
-Дали се дозволува техничари да оперираат иако законски не смеат?“ се вели во обраќањето.

Граѓаните преку своето јавно обраќање алармираат дека во ЈП Лајка има сериозна нестручност и неподготвеност да им се помага на бездомните кучиња, дополително издвојувајќи и неколку барања со цел да се унапреди работата на јавното претпријатие.

„Дали кучињата се оставени на милост и немилост на луѓе кои немаат доволно знаење и образование за истото, воедно ни грам емпатија кон животните?
• Колкав е бројот на угинати и еутаназирани кучиња, и зошто таа евиденција не е јавно достапна?
• Дали пред избори се вработуваат блиски лица – не по стручност, туку по блискост?
• Колку лица се ангажирани во администрацијата (ПР, советници, „послушници“) додека теренот е запоставен, а телефонските линии ретко достапни за граѓаните?
• Каде завршуваат донациите?
• Дали се користени јавни средства за приватни потреби, патувања и сл.
• Дали во претпријатието владее култура на навреди и понижувања кон вработените?
• Дали стручноста и хуманоста се заменети со притисоци и фаворизирање на блиски луѓе?Граѓаните бараат:
• Јавна ревизија на работењето,
• Целосна транспарентност за вработувањата, договорите и донациите,
• Објавување на податоци за сите еутаназирани и угинати кучиња,
• Јасна одговорност за здравјето и хуманоста кон животните.
ЈП Лајка треба да биде спас за напуштените животни, не полигон за лични интереси и партиски пресметки и воедно приватен стационар на Анима Мунди. Вистината е повеќе од јасна, но до кога ќе се молчи?“ стои во дописот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK