мај 4, 2026

Вест Хем доживеа тежок пораз на Олимпискиот стадион во Лондон од градскиот ривал Челси. Во првиот меч од втората рунда, Челси победи со 5:1.

Натпреварот започна идеално за Вест Хем, а заврши кошмарно. Медиумите веќе шпекулираат дека менаџерот Грем Потер ќе добие отказ.

Лукас Пакета постигна голшиште во шестата минута. Голот оди и на душа на голманот Санчез кој можеше подобро да реагира.

Од 15.минута започна кошмарот за „чеканите“, кои повторно демонстрираа дека одбраната им е како швајцарско сирење.

Во периодот од 15. до 34.минута, Челзи постигна три гола, сите од петерецот на Хенмарсон. Најпрвион погоди Жоао Педро, потоа Педро Нето и на крајот енцо Фернандез.

Во вториот дел блиц криг на Челзи, два гола во 54. и 58. минута на Каиседо и Шалоба за конечни 1:5.

foto/ EPA/VINCE MIGNOTT

Share

The post (Видео) Челзи прими голчиште па испорача „петарда“ во мрежата на Вест Хем appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK