Претставничката на Франција, Ева Колас доживеа мала „незгода“ на изборот за Мис Универзум 2018 година, а нејзиното претставување и денес е хит на социјалните мрежи.
Иако изборите за убавина со години се борат да ја вратат изгубената слава, изборот за Мис Универзум за 2018 година повторно се најде во очите на јавноста. А тоа е поради претставничката на Франција, Ева Колас, која предизвика рафали од смеа на социјалните мрежи со начинот на кој го изговараше името на својата земја при претставувањето на сцената.
Видеото од презентацијата се појави на Tik Tok и Twitter и забавуваше многумина. Имено, додека останатите девојки гласно му го извикуваа името на својата земја на француската претставничка, нејзиниот глас пукна и исплаши многумина, а некои, а други ги насмеа.
– Не знаев дека се уште има натпревар за мис, но како Французинката се претставува гледав половина час – гласи коментарот на еден корисник кој го објави урнебесното видео на Твитер. Видеото досега собра десетици милиони прегледи и тони коментари. „Ова е урнебесно“, „Толку долго чекав да дојде во Франција, но на крајот вредеше“, „Го гледав ова милион пати“, „Зошто крека?“, се само некои од коментари под видеото.
Следете не, не има насекаде