мај 4, 2026

Благодарение на Господ и на еден пријател од Општина Јегуновце најдовме бунар и го решивме проблемот со водата во селата Жилче, Ратаец и Шемшево, рече градоначалникот на Јегуновце, Димитар Костадиноски на т.н. „саем-отчет“ на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ.

„Водата за населеното место, не само за Жилче, тоа беше проблем можеби 20-годишен за повеќе села. Изнајдовме решение благодарение пред се на Господ, но и на еден наш пријател од Општина Јегуновце кој ни даде идеја, да најдеме бунар, каде што водата е чиста и може да се користи. Тоа го решивме за брзо време, со моето доаѓање како градоначалник. Бевме можеби единствена општина во Македонија и пошироко каде јавното претпријатие беше затворено и тоа ние го направивме брзо, го отворивме јавното претпијатие и овој проблем го решивме сами со јавното претпријатие со многу малку средства“, рече Костадиноски.

Тој вели дека и во летниот период, немало никакви проблеми, односно имало вода доволно за секој граѓанин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK