мај 4, 2026

На 23.08.2025 во 22:30 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Т.Ј.(27) и Б.Ј.(46) од Куманово.

Имено, во с.Макреш, општина Старо Нагоричане, полициски службеници забележале паркирано товарно возило „мерцедес” со кумановски регистарски ознаки, натоварено со огревни дрва, до кое биле двете лица. Притоа, Т.Ј. и Б.Ј. не дозволиле на полициските службеници да извршат контрола на возилото, физички ги нападнале кога се обиделе да ги спречат да избегаат од местото, а откако влегле во возилото се обиделе да ги прегазат со возилото поради што полициските службеници испукале неколку предупредувчки куршуми во воздух.

По преземени мерки, лицата биле пронајдени, а било пронајдено возилото со дрвата. По целосно документирање на случајот, против двајцата ќе биде поднесена соодветна пријава.  

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK