мај 4, 2026

Инциент го прекина првенствениот фудбалски натпревар на првото коло од Републичката пионерска лига меѓу штипска Брегалница и скопско Шкупи, кога на фудбалското игралиште „Бело Брдо“ во Штип возрасна публика од Скопје влезе на теренот, а еден од напаѓачите со клоци удирал по двајца млади фудбалери од домашната екипа. Како што пренесува СДК.мк, инцидентот се случи во последната минута од напреварот за деца родени 2010 година, по еден прекршок меѓу младите фудбалери.

Кога децата бea физички нападнати, на теренот влета и домашната публика и настана општа тепачка. Двајцата домашни фудбалери со тешки повреди се однесени во Клиничката болница во Штип, а полицијата по интервенцијата го приведе главниот напаѓач и против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Инцидентот се случи при водство на Брегалница со 2:1.

 

Домашната управа бара од Фудбалската федерација казни за ваквите влетувања на луѓето на теренот, а од гостинската публика и да преземе мерки во иднина да не се даваат вакви лоши примери на младите фудбалери.

Share

The post Тепачка на фудбалски натпревар во Штип appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK