мај 4, 2026

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оствари средба со претседателот на Асоцијацијата на авто-такси превозници од Скопје, Абдула Рушити, како и со претставници на асоцијацијата. На состанокот се разговараше за предизвиците со кои се соочува оваа професија, а беа предложени и конкретни решенија што, според Ѓорѓиевски, ќе станат дел од неговата програма.

Меѓу најважните барања што ги истакнаа такси возачите се воспоставување уредени, брендирани и унифицирани такси-стојалишта во градот, справување со проблемот со дивите таксисти и создавање фер услови за работа за сите регистрирани превозници.

„По победата на локалните избори, такси возачите ќе имаат вистински партнер во институциите. Нашата цел е Скопје да стане град каде секој граѓанин и секој возач ќе се чувствува ценето, безбедно и рамноправно,“ изјави Ѓорѓиевски по средбата.

Тој нагласи дека со соработка и практични мерки може значително да се подобрат условите за работа на такси превозниците, а со тоа и квалитетот на услугата за граѓаните на Скопје.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK