мај 4, 2026

Шпанскиот тенисер, Карлос Алкараз изненади со новиот имиџ на Ју-ес опен. Ќелавиот Алкараз во три сета (6:4, 7:5, 6:4) го победи Американецот Рејли Опелка.

Следниот ривал е Матија Белучи, 65-ти во светот. Кинезот Шанг му се предаде во моментот кога Италијанецот водеше со 7:6 (7:0), 6:3, 3:0.

Алкараз пред почетокот на мечот со Опелка откри зошто решил да го смени имиџот.

„Сакав да бидам свеж за турнирот, да биде нешто ново, да го започнам турнирот на правилен начин. Мислам дека ова одговара на Отвореното првенство на САД“, рече Алкараз.

Foto/ EPA/BRIAN HIRSCHFELD

Share

The post Ќелавиот Алкараз во три сета го мина Опелка на Ју-ес опен appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK