мај 3, 2026

Словенија со пораз го отвори Европското првенство во кошарка. И покрај врвната партија на Лука Дончиќ, Словенија, во Катовице, загуби од Полска со 95:105.

Ѕвездата на ЛА Лејкерс, го заврши натпреварот со 34 поени, четири скока, девет асистенции и пет украдени топки.

Дончиќ со тоа стана првиот играч во историјата на Евробаскетот со 30+ поени, 5+ асистенции и 5+ освоени топки, откако се евидентира статистиката, истакна ФИБА на официјалната сметка.

Следниот натпревар на Словенците е во сабота против Франција, која беше сигурна на премиерата во Катовице и ја победи Белгија со 94:62.

Share

The post (Видео) Дончиќ испиша историја на ЕП appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK