мај 3, 2026

Манчестер јунајтед успеа да се ослободи од уште еден непожелен играч. По Маркус Рашфорд (замина на позајмица во Барселона), клубот го напушта и Алехандро Гарначо.

Младиот Аргентинец, кој не беше во добри односи со менаџерот Рубен Аморим, договорил седумгодишна соработка со Челзи, пишуваат британските медиуми.

Откако Аморим го информирал на крајот од претходната сезона дека не смета на него, Аргентинецот форсираше трансфер во Челзи, на крајот желбата му се исполни со продажбата на Кристофер Некунку во Милан и извесното заминување на Николас Џексон во Баерн Минхен.

Челзи за Аргентинецот роден во Мадрид ќе плати 46 милиони евра.

Тој ќе стане четвртата најголема продажба во историјата на Јунајтед, по Кристијано Роналдо, Ромелу Лукаку и Анхел Ди Марија.

Share

The post Гарначо го истера своето, се сели во Челзи appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK