мај 3, 2026

Лишен од слобода кумановец кој насилно влегувал во цркви и крадел пари. Ограбениот плен е пронајден и е вратен на сопственикот.

Како што информираат од МВР, вчера (28.08.2025) во 14:45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.А.(28) од Куманово. Тој се сомничи дека на 24.08.2025 со употреба на сила влегол во црквата „Св. Троица“ во с.Љубодраг, кумановско и одзел пари, додека на 28.08.2025 од црквата „Св. Петка“ во населбата Бедиње во Куманово, со употреба на сила се обидел да одземе пари од касата.

Н.А. бил приведен во полициска станица и во службен разговор ги признал делата.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK