септември 21, 2024

Единицата за корупција во Сектор за криминалистички истраги при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против четворица затворски полицајци, командир и надзорници, вработени во КПУ Идризово и тоа: С.Д. (50), Т.А. (34) И.А. (49) и Т.П. (47) за сторено кривично дело „Противзаконито  ослободување на лице лишено од слобода” по член 373 од КЗ.

Тие на 12.01.2023, спротивно на законот, го ослободиле лицето Б.М. – осудено за кривично дело по член 123 – убиство, кое им било доверено на чување и му помогнале да побегне.

Имено, на 12.01.2023 околу 22.50 часот осудениот Б.М., планирано и во договор со затворските полицајци и лица од надвор, се повредил така што си нанел расокотина на левата дланка, по што бил однесен во домската амбуланта, од каде било дадено препорака Б.М. да се пренесе во Клинички центар „Мајка Тереза”-Ургентен центар со цел санирање на повредата. За настанот бил запознат дежурниот командир на смена, првопријавениот С.Д., кој наредил да се изготви наредба за спровод од КПУ Идризово до Клинички центар „Мајка Тереза” за осуденото лице од страна на затворските полицајци Т.А., И.А., Т.П. и И.Х..

Кривичното дело е извршено на начин што осомничените свесно и со намера да му овозможат бегство на осуденото лице кое го спроведувале, го седнале во средниот ред на службеното возило, а не според стандардните оперативни процедури за спровод на осудени лица во посебниот дел од возилото наменет за тоа. Второосомничениот дал насока за рутата и возилото се упатило кон Скопје преку автопатот од Петровец кон Скопје. Кога се приближиле до бензинска пумпа на Лукоил, второосомничениот кој седел помеѓу осуденикот и третоосомничениот, започнал да се преместува и свесно му овозможил на осуденикот да го искористи моментот и со лисици на рацете да успее да му го земе службениот пиштол од закопчаната футрола. Третоосомничениот, кој патем бил без оружје, иако сето тоа го следел не презел никакво дејствие за да го спречи осуденикот да го репетира пиштолот и да започне да пука. Иако намерата за пукањето со пиштолот во кровот на возилото била да го оправда овозможувањето на бегството од страна на затворските полицајци, зрното од куршумот се одбило од кровот и случајно го погодило затворскиот полицаец И.Х. во долниот дел од стомакот.

Наведените противзаконски дејствија се извршени откако службеното затворско возило било пресретнато и му било попречено движењето од страна на друго возило марка „ауди” и притоа овластените службени лица за спровод – затворските полицајци не преземале никакви дејствија во однос на присилното нивно запирање, а осуденото лице по настанот влегло во возилото „ауди” и заминало од лице местото. Од страна на затворските полицајци, иако дел од нив биле вооружени, не се преземени никакви дејствија за спречување на бегството. Повредениот затворски полицаец И.Х. е пренесен во болница за укажување на лекарска помош.

The post МВР: Чуварите биле во договор со Мемети, кој пукал во кровот од комбето, но куршумот рикошетирал во полицаецот appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK