септември 21, 2024

На командирот од „Идризово“ Срѓан Димитриевски, во чија смена беше спроводот на затвореникот кој избега, му е одреден притвор во времетраење од осум дена и тој е однесен во истражниот затвор „Скопје“ во Шутка, дознава „А1он“.

Освен него, притвор им е одреден и на двајца од тројцата полицајци. Утринава тие се спроведени во затворот. Кривичниот суд смета дека командирот и полицајците можат да избегаат, а бидејќи постојат индиции кои укажуваат дека му помогнале на затвореникот Беким Мемети да избега, со оглед дека има низа пропусти во процедурата за негов спровод.

Командирот и полицајците беа задржани во полициска станица цел ден, по што, даваа исказ во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција каде има полициско одделение за гонење на лица со полициски овластувања. Обвинителката Лиле Стефанова, доставила предлог за одредување на притвор, кој и бил прифатен. Познато е дека еден од полицајците и натаму е на лекување, а тоа е возачот кон кого затвореникот пукал пред да избега.

„А1он“ веќе објави дека командирот кој сега е во притвор е лице осудено за примање мито како полициски службеник од МВР. Од таму добил отказ, па стана командир во затворот. Тој беше дежурен командир и за време на новогодишната вечер, кога млад затвореник беше брутално претепан.

Директорот за санкции, Марјан Спасовски во интервјуто за „А1он“ од пред два дена, кажа дека бил запознаен со сите овие факти, но не гледаше зошто би го тргнал од функцијата – командир. Тој додаде и дека контактира лично со командирот Димитриевски, но не сакаше да ги покаже пораките во неговиот телефон.

The post Притвор за командирот и двајцата полицајци на кои им избега Мемети appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK