Дека македонскиот фудбал е заостанат одамна е познато, до таа мера ни малкуте гостински навивачи што сакаат да одат на мечевите не им е дозволено во најголем дел од случаите поради „висок ризик“, но Белгија на пример за мечевите да имаат вистински шмек почнува да дели бесплатни билети за гостите само трибините да се полни.
Белгиската „Јуплер-лига“ е меѓу најсилните во Европа од вториот ешалон, веднаш зад „лига петка“ заедно со холандската и португалската лига и федерацијата се решила на гостувањата, екипите да имаат уште поголема поддршка од досега со тоа што ќе даваат по 500 гратис билети само секторите за гостински навивачи да бидат уште пополни.