мај 3, 2026

Хаос со првачињата во Дебрца – само 20 деца, а премногу училишта

Новата учебна година во општина Дебрца започна со вкупно само 20 првачиња распоредени низ бројни основни училишта во помалите населени места. Проблемот е што дел од децата учат во мешани паралелки, а има училишта каде во клупите седи едно или максимум две првачиња.

Родителите револтирано реагираат и велат дека Министерството за образование и наука мора конечно да најде трајно решение – со создавање централно училиште каде сите деца би учеле заедно, наместо да се одржува систем во кој по селата постојат празни училишни згради со едвај неколку ученици.

„Не е нормално детето да седи само во клупа и да нема со кого да се дружи. Ние не сакаме нашите деца да растат во вакви услови“, велат родители од Дебрца.

Состојбата, според нив, е хаотична и дополнително влијае на квалитетот на наставата, бидејќи наставниците се принудени да држат часови во мешани паралелки со ученици од повеќе одделенија.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK