мај 3, 2026

Кочани доби нов независен кандидат за градоначалник.

Зоран Тодоров пред речиси еден час ја поднесе својата кандидатура за градоначалник за претстојните локални избори што ќе се одржат на 19 октомври годинава.

Тодоров е роден во 1978 година во Кочани, а по професија е економист и долгогодишен граѓански активист.

Тој стои зад формирањето на повеќе организации и здруженија, меѓу кои Ротари клубот Кочани-Виница, „Воскресение” и Одбор „За здрав живот“. Во моментов го раководи Центарот за солидарност „Сакам живот во Кочани”.

Во јавноста е препознаен по своите умерени ставови и ангажманот во реализирањето на повеќе значајни општествени проекти.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK