мај 3, 2026

Принцезата Марија Каролина од Лихтенштајн (28) се омажи за Леополд Мадуро Волмер (33), инвестициски банкар од Венецуела и член на едно од најбогатите семејства во Јужна Америка.

Гламурозната свадба брзо стана главна тема на медиумите, а како да не биде кога станува збор за најбогатата европска принцеза.

Марија Каролина е внука на владејачкиот монарх на Лихтенштајн, Ханс Адам II.

Целата организација потсетуваше на бајка, влезот во црквата беше покриен со син тепих, додека сè друго беше украсено со хортензии. Меѓу гостите беше и самиот политички врв на Лихтенштајн.

Принцезата пристигна на својата свадба во бел Ролс Ројс, а нејзината венчаница со вез и долг превез од тил ги воодушеви луѓето. На главата имаше 135-годишна тиара, која ја носеше и принцезата Шарлин.

Свадбата се одржа во Вадуц, кој стана центар на гламур и луксуз, додека љубопитните жители едвај чекаа барем делумно да бидат сведоци на таква раскошна прослава.

Интересно е и тоа што Марија Каролина е ќерка на идниот владетел, но таа никогаш нема да може да го преземе тронот бидејќи Лихтенштајн има закон што им забранува на жените да го наследат.

фото: принтскрин

Share

The post (Фото) Се омажи најбогатата принцеза во Европа: моќниот наследник станува дел од кралското семејство appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK